Art & Crafts

Совети за складирање на летната гардероба

1.Кога го носев ова последен пат?

Ако не можете да се сетите, или одговорот е за две години, тогаш најверојатно повеќе тоа парче облека нема да го облечете никогаш повеќе. Разменете ги работите со пријателите или дадете ги во добротворни цели.

2.Дали ова сеуште можам да го носам?

Пред пакувањето размислете кои летни модели би можеле да ги носите во есен. Многу елегантни летни фустани со јакна можат да бидат совршени за цела есен и во текот на зимата.

3.Каде сето ова да го ставам ?

Ако немате доволно место во гардероберот, набавете пластични ќеси и ставете ја облеката во нив, па потоа ставете ги под кревет. Избегнувајте картонски кутии бидејќи привлекуваат инсекти.

4.Како да се спакувате ?

Гардеробата што ќе ја носите ставете ја на полиците во ормарот, и внимавајте да не се направат набори. Исто така, кошули и фустани ставете ги на закачалка но да не бидат едни ври други.

Write A Comment