Тијарите, односно круните во косата на невестите се вистински аут последните неколку години, и остануваат избор само на невестите кои цврсто се држат до остварување на сонот да се видат себеси како принцеза. За оние останатите невести кои сакаат да бидат во чекор со светските трендови, задолжителни се аксесоарите во коса изработени од нанижани или извезени монисри и бисери.










