Свадбената торта е она што му дава печат на вашиот голем ден. Некои луѓе дури и целата своја прослава ја врзуват за свадбената торта. Но сега има нов тренд. Тоа се крофни! Изненадувачки, но има многу начини крофните да се направат така за да изгледаат слатко, романтично, па дури и елегантно! Во секој случај, тие се нешто различно и веројатно ќе бидат убаво изненадување за вашите гости!















