Motherhood

Мудроста на бабата и го променила живот

Една млада жена отишла кај својата баба со цел да и се довери и да и раскаже за својот живот и тешкотиите со кои таа се среќава. Нејзиниот маж ја изневерил, па жената била разочарана, но советот од нејзината баба и го променил животот…

Младата жена не знаела како да го преживее тешкиот период во нејзиниот живот, како што поминувало времето таа сѐ уморувала од борбата. На својата баба таа и го раскажала проблемот, а баба и ја однела во кујната.

Бабата на младата жена наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на шпорет. Во првото тенџерче ставила моркови, во второто јајца, а во третото кафе. Потоа ги оставила тенџерињата со цел водата да зоврие. После 20-тина минути го исклучила шпоретот. Бабата ги извадила морковите, јајцата и кафето и ги послужила.

Потоа се обратила кон внуката прашувајќи ја: Кажи ми што гледаш?

  • Моркови, јајца и кафе- одговорила внуката.

Тогаш бабата и рекла да ги допре морковите. Внуката го направила тоа и рекла дека морковите се сега меки. Потоа, бабата побарала од внуката да ги земе јајцата и да ги скрши. Внуката ги скршила и излупила јајцата. На крајот, бабата побарала од внуката да се напие голтка кафе. Внуката го направила тоа и се насмевнала штом ја почувствувала богатата арома.

Тогаш бабата ја прашала: Знаеш ли зошто те натерав да го направиш сето ова?

Внуката одречно ја мрднала главата и ги кренала рамениците, а бабата и објаснила дека секој од овие предмети бил соочен со истата препрека: врела вода. Но, секој реагирал поинаку. Морковот во водата влегол силно, тврдо и непопустливо, но потоа станал слаб. Јајцето било нежно, а неговата тенка лушпа ја заштитувала внатрешноста, која потоа станала тврда. Меѓутоа кафето се однесувало уникатно. Во текот на готвењето, кафето ја променило водата.

Кое од овие три сте вие? Кога проблемите ќе затропаат на вашата врата, како реагирате? Дали сте морков, кафе или јајце?

Запрашајте се себе: Што сум јас? Дали сум морков кој изгледа како силен, но сепак ја губи својата сила?

Дали сум јајце кое се менува заради топлината? Дали после првиот проблем мојата душа и срце се стврднуваат?

Или сум како кафе? Кафето ја промени водата, односно причината за болката. Кога водата станува врела, кафето испушта мирис и вкус. Ако си како кафе, ти стануваш подобар и ја менуваш ситуацијата околу себе. Ти се издигнуваш на повисоко ниво.

Write A Comment