Мегапопуларната Бијонсе ги загрижи своите обожаватели за време на Tidal X: 1015 концертот, што се одржа во Њујорк кога започна да и тече крв на увото.

Пејачката, која неретко носи впечатлив накит за време на своите настапи случајно ја откина обетката што резултираше со крв.
Сепак, кралицата Б остана професионалец до крај и не дозволи овој „мал“ проблем да и го уништи настапот.

