Cafe Del Mar

Табата метод: Тренинг за брзо слабеење кој трае само 4 минути

Вежбите со висок интензитет, а со кратко времетраење, помагаат за побрзо согорување на мастите и зајакнување на мускулите.

Оваа програма за вежбање ја развил д-р Изуми Табата од Токио, Јапонија, тренирајќи ги јапонските лизгачи и трагајќи по метод што ќе ја зголеми нивната издржливост. Открил дека тоа може да се постигне со интензивен тренинг во траење од 20 секунди, наизменично со паузи од 10 секунди.

Какви се ефектите од тренинзите?

Благодарение на поголемиот број повторувања и кратките паузи доаѓа до подобра циркулација на крвта во мускулите и, следствено, зголемување на силата. Многу ефикасно ги намалуваат масните наслаги и имаат сличен ефект како кардио тренинг – ја подобруваат функцијата на срцето и ја поттикнуваат циркулацијата.

Како изгледаат вежбите?

Се прават вежби за зајакнување на грбните и стомачните мускули, склекови, сквотови (клекнувања), скокање со јаже. Серијата мора да трае 20 секунди, по што следи кратка пауза од 10 секунди.

Вежбите се изведуваат во осум серии, а пред тоа е задолжително загревање од пет минути, колку што трае и истегнувањето после тренингот. Табата вежбите се многу напорни и важно е да се воведуваат постепено за да се избегнат повреди.

На пример:

Рачни контракции со тегови: четири пати левата, па десната рака, во трање од 20 секунди

10 секунди одмор

Сквотови: максимална брзина, во траење од 20 секунди

10 секунди одмор

Склекови: максимална брзина, во траење од 20 секунди

10 секунди одмор

Стомачни: максимална брзина, за 20 секунди

10 секунди одмор

Write A Comment