Мојата кујна

Руски чајни бомбици готови за 15 минути!

СОСТОЈКИ:

  • 1 шолја путер
  • 1 лажичка ванилин екстракт
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја мелени ореви
  • 1/3 шолја шеќер во прав – за декорација

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Добро разматете ги путерот и екстрактот од ванила. Полека додавајте шеќер и брашно.
  3. Потоа додајте ги оревите.
  4. Од тестото направете топчиња. На плех ставете хартија за печење и наредете ги топчињата. Печете во рерна околу 10 минути.
  5. Кога ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав.

Write A Comment