Некогаш домот знае да ни изгледа премногу растурен без разлика на тоа колку време сме потрошиле во средување. Тоа е така, затоа што премногу непотребни работи и работи кои немаат никаква функција ви го зафаќаат просторот. Ослободете се од нив и разликата ќе биде очигледна.
Стари телефони и уреди кои повеќе немаат никаква функција
Едно истражување покажало дека 68% од луѓето чуваат стари телефони и камери со кои не знаат што би правеле. Доколку и вие имате вакви неупотребливи уреди можете да ги дадете на некои сервис или едноставно да ги фрлите. Секако не им е местото во фиока.
Козметички производи кои веќе долго време не ги користите
Обично ваквите производи кои или сме ги заборавиле или ни се премногу драги па ги штедиме за некое време ќе се расипат и нема да имаат никаква функција, освен да фаќаат прашина.
Магазини и весници кои не планирате да ги читате
Добро може да се најдат во некои ситуации, но не мора да чувате цели купови кои ќе зафаќаат многу место.
Расипани работи кои ќе ги „поправите наскоро“
Ајде да бидеме искрени, секој од нас има по една работа дома која чека ред за поправка, ама тој ред никогаш не доаѓа. Па, ако не во прашање некоја голема вредност мали се шансите навистина да ја поправите и најпаметно ќе е да се ослободите од она што ви стои над глава како задолжение кое не го исполнувате.
