Поранешната зајачица на „Плејбој“, Кејти Меј, ненадејно почина во февруари годинава, во 35-тата година од животот.
Меј, која ги красеше страниците на магазините како „Спортс илустрејтед“ и „Плејбој“, умре од последица на срцев удар. Аутопсијата, до која се дојде американскиот портал ТМЗ, покажа дека Кејти Меј фатално ја повредил киропрактичарот.
Имено, во текот на снимањето за еден магазин во Лос Анџелес, Меј паднала и почувствувала болка во вратот. Веднаш отишла кај еден киропрактичар во Лос Анџелес. Тој на поранешната зајачица на „Плејбој“ несакајќи ѝ ја повредил вратната артерија и на тој начин ѝ го прекинал дотекот на крв во мозокот, што довело до ударот кој бил фатален за убавицата.
– Ми се вклешти нервот во вратот во текот на снимањето, па утрово отидов кај киропрактичарот. Навистина многу боли! Дали можете да ми советувате некои природни лекови – напишала Меј на Твитер неколку дена пред својата смрт.
Нејзината смрт беше наведена како несреќен случај, а сè уште не се знае дали семејството на Кејти Меј по новото сознание ќе го тужи киропрактичарот.
„Кралицата“ на социјалната мрежа Снепчет беше самохрана мајка на седумгодишна ќерка. По нејзината смрт, беше покрената кампања за финансиска помош за ќерката на Меј, Мија, и за неа беа собрани околу 40.000 долари.
