Мојата кујна

Чоко „лист“ торта

Состојки за тестото:

  • 248 грама брашно
  • 310 грама шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • ¼ лажичка сол
  • 226 грама несолен путер
  • 50 грама какао
  • 235 мл врела зовриена вода
  • 120 мл. млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажички ванила екстракт

Состојки за чоколадната глазура:

  • 112 грама несолен путер
  • 30 грама какао
  • 6 лажици млеко
  • 400 грама шеќер во прав
  • Чоколадни мрвици

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени  и намрсете го правоаголниот плех со путер или обложете го со хартија за печење.

Во подлабок сад ставете го брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта и оставете го садот на страна. Во друг поголем сад стопете го путерот на пареа (или во микробранова) па додадете ги какаото и водата. Добро промешајте додека не се олади малку смесата. Потоа додадете ги млекото,јајцата и ванила екстрактот, а потоа оваа смеса измешајте ја со таа од првиот сад со брашното. Добро промешајте и смесата истурете ја во плехот и печете околу 25 минути. Кога ќе се испече оставете да се олади.

Во поголем сад стопете го путерот, какаото, млекото а потоа додадете го шеќерот во прав додека не добиете течна чоколадна глазура.

Оставете глазурата да се олади и потоа прелијте ја врз испеченото тесто. По желба ставете чоколадни мрвици, или некое сезонско овошје, а ако не сакате оставете ја како што е.

Write A Comment