Додека комзумирањето на мајонезот поради големиот број на маснотии не се препорачува во големи количини, овој за многумина омилен додаток во сендвичите и салатите своето корисно лице го открива во корисни ситуации во домаќинството. Освен тоа мајонезот може да замени и неколку производи од козметичката торбичка.
Гумата за џвакање можете многу лесно да ја отстраните од вашата коса со помош на мајонез. Заплетканиот јазол обилно намачкајте го со мајонез и оставете 2-3 минути додека нговите масти не упијат во косата, а потоа нежно, со помош на густ чешел отстарнете ја гумата за џвакање.
Пред маникир натопете ги своите прсти во сад со мајонез, и задржете ги 5 минути за да омекнат кожата и ноктите.
Дамките од пастелни боички на ѕидовите мајонезот може да ги отстрани само за пет минути. На секоја дамка нанесете тенок слој од мајонез, почекајте да отстои и избришете со сува и чиста крпа.
Налепниците од метална, дрвена или пластична површина може да се отстранат без видливи оштетувања со помош на мајонез. Процесот е едноставен, намачкајте обилен слој на мајонез врз налепницата. Маста ќе го отпушти лепакот, по што е доволно само да избришете со крпа.
Мајонезот успешно ја отстранува прашината од листовите на куќните растенија. Земете сува крпа и намачкајте ја со мајонез па избришете ги листовите. На овој начин ќе се постигне сјај и во исто време ќе ја спречи акумулацијата на прашина на листовите барем некое време.
Паразитите кои се населуваат на скалпот, вошки и гниди, можно е да се отстранат со обилно премачкување на мајонез. Пред спиење на темето нанесете мајонез и добро измасирајте. Коста покриете ја со капа за туширање и оставете ја така цела вечер. Во утринските часови измијте ја и исчешлајте ја со густ чешел.
Пукнатините кои се јавуваат на дрвениот мебел е скоро невозможно да се избегнат. За да го решите овој проблем, дупките пополнете ги со мајонез и оставете да отстојат најмалку два дена, а потоа исчистете со крпа.
