Еве неколку совети како да му помогнете на вашето дете да не чувствува одбивност кон домашната работа и тоа да му стане обврска која задолжително да си ја исполнува без исклучок.
- Обезбедете му тивко и мирно место. На вашето дете му е потребна концентрација за да ја напише правилно домашната работа за на училиште, а за да се концентрира му се потребни мир и тишина. Ако тоа нема своја соба, во која ќе може да учи без да биде прекинувано, ваша обврска е да му обезбедите место во куќата каде никој нема да го вознемирува. Исклучете го телевизорот и сите други занимливи нешта кои можат да му го привлекуваат вниманието.
- Обезбедете му го потребниот прибор. Вие треба да се заинтересирате и да дознаете што сè му е потребно на вашето дете за на училиште. Целиот прибор купете му го однапред, за детето да има сè кога ќе му притреба.
- Помогнете му на вашето дете да си го организира времето. Определете во колку часот ќе започнува со својата домашна работа и погрижете се тоа да се придржува кон тој распоред. Оставете го да се релаксира неколку часа откако ќе се врати од училиште и потоа нека започне времето за учење.
- Имајте позитивен став кон домашното. Кажувајте му на своето дете колку е важно да си ја пишува домашната работа точно и навреме и колку е важно образованието за оформувањето на личноста. Детето се учи од вас, па ќе го преземе како точно и правилно вашето однесување и став за домашната работа.
