Мојата кујна

CREPE – неодоливо вкусен десерт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

за палачинки
• 110 гр. брашно
• малку сол
• 200 мл. млеко помешано со 75 мл вода
• 50 гр. путер
• 2 јајца
• кора од 1 портокал
• 1 голема лажица шеќер

за сос
• 150 мл. сок од портокал
• кора од 1 портокал
• 1 лимон, сок и кора
• 1 голема лажица шеќер
• 3 големи лажици бренди или ликер од портокал
• 50 гр. путер
• малку коњак или бренди за фламбирање

ПОДГОТОВКА:

за палачинки


Ставете сол во еден поголем пластичен сад и просејте го брашното. Направете отвор во средината на брашното и ставете ги јајцата во него. Измешајте добро со жица за мешање, лажица или миксер. Постепено, со постојано мешање, додавајте по малку од миксот на вода и млеко.

Растопете го путерот на оган. Ставете 2 лажици од него во тестото и измешајте. Остатокот користете го за да го намастите садот во кој ќе ги правите палачинките. Додадете кора од портокал и шеќер во тестото.

Загрејте го садот за правење палачинки. Овие палачинки треба да бидат потенки од вообичаените. Намастете го садот со путер и налејте од тестото. Испечете и повторете го процесот додека не заврши тестото. Би требало да добиете 15-16 палачинки.

за сос


Измешајте ги сите состојки, освен путерот. Растопете го путерот на умерен оган, налејте го миксот од другите состојки во тавата и ставајте ги палачинките една по една во загреаниот сос. Преклопете ги на два пати, направете ги во триаголна форма и добро натопете го во сосот.

На крајот доаѓа фламбирањето. Загрејте лажица или црпалка и ставете малку ликер или бренди во неа. Потоа, лажицата вратете ја на оган за да се загрее алкохолот. Потоа, налејте го алкохолот врз палачинката.

 

Write A Comment