Art & Crafts

Неверојатни трикови за чистење на домот

Кога станува збор за чистење, секогаш бараме нови, побрзи и полесни начини за хигиената во домот. Со задоволство ви ги претставуваме овие генијални и лесни трикови за кои можеби не сте се сетиле.

Ако ви паднало шрафче од очилата или затворачот за обетката на тешко достапно место, тогаш ставете хулахопка на цревото од правосмукалката, прицврстете ја со ластиче и всмукајте го малото делче без опасност да влезе во ќесата од правосмукалката.

Сите правосмукалки имаат додатоци за тесни отвори, но ако ви треба нешто за уште потесни места, на цевката ставете картонски цилиндар од истрошената тоалетна хартија, па свиткајте го толку колку што ви треба за да влезе во отворот кој ќе го чистите.

1451584256-vacuum-cardboard

За користење помалку хартиени кујнски бришачи, има два едноставно чекори. Прво, истресете ги рацете од водата пред да се избришете, и наместо да грабнете 2-3 брисачи, земете еден и свиткајте го на половина. На тој начин моќта на упивање се зголемува, затоа што капките вода остануваат измеѓу слоевите.

paper-towels

Ако сакате често да го преместувате мебелот, сигурно ве нервираат дупките што остануваат на тепихот. За да ги пополните, ставете на нив коцки мраз, почекајте да се стопат, а потоа поминете со правосмукалка на тие места. Водата помага влакната од тепихот да набабрат и да се вратат во својата првобитна состојба.

gallery-1451584600-ice-carpet-trick

Ако имате стаклени плафоњерки или рефлектори на кои им се вади стаклениот дел за чистење, можете да го измиете на помала температура во машината за миење садови, само да бидат внатре добро прицврстени и внимавајте да нема никакви метални или дрвени делови на нив, кои можат да се оштетат од водата.

gallery-1451587396-glass-cleaner

Write A Comment