Новости

Ирина Шајк се прошета бремена на ревија?!

Руската манекенка Ирина Шајк стана топ тема на денот откако на ревијата на Victoria’s Secret носеше модели кои го затскриваат нејзиниот стомак.

Гласината вели дека ваквиот избор е поради тоа што Ирина го очекува своето прво дете со холивудскиот актер, Бредли Купер.

Според блиските пријатели на парот тие веќе некое време размислувале на тоа да основаат семејство, па веста за бременоста им е добродојдена.

Портпаролот на Бредли остана недостапен за коментар, додека оној на Ирина изјави дека нема да дискутира на таа тема. Дали тоа е премолчено ДА?

Write A Comment