Во светот постојат толку многу необични појави кои бараат одговор, но сепак си остануваат мистерија за нас.
Знаете ли дека на секои седум секунди некаде во светот се раѓа ново бебе? Според друга популарна статистика новородените имаат многу слаб вид, но тие сепак ја распознаваат веднаш својата мама!
Колку и необично да звучи очичките на бебенцата веднаш штом излезат на бел свет од мајчината утроба се со сина боја. И во повеќето случаи после само неколку минути бојата на очите на малечкото се менува, а кај некои останува и понатака сина што се поврзува со наследените гени од родителите.
Сите бебиња непосредно после раѓањето умеат да пливаат и да го задржат здивот ако ги пуштите во вода. Сосема наскоро после раѓањето оваа способност исчезнува.
Ако пак сакате да го зголемите коефициентот на интелигенција кај своето дете пуштете му да слуша класична музика секојдневно уште од првите денови на неговиот живот. Исто така разговарајте со бебето, иако не ве разбира, бидејќи тоа ве чувствува и разбира за свој начин.Бебето сака да биде активно вклучено во се што се случува.
Можеби најнеочекувана информација е фактот дека бебињата се раѓаат без капачиња на колениците. Можете да проверите и да ја почувствувате разликата.
Мажот е одговорен за полот на бебето. Мајчината јајцеклетка го содржи единствено икс хромозомот, а спермата ги содржи и двата – икс и ипсилон хромозомите. Па ако се најдете во ситуација сопругот да негодува што нема син, кажете му дека од него зависи.
Децата чии мајки јаделе риба по време на бременоста покажуваат поголем степен на интелигенција од останатите.
