Sweet Home

Неколку идеи за средување на мал простор

Со малку креативност, вашите тесни домови можат да бидат навистина функционални. Погледнете неколку едноставни идеи за како од вашите мали соби да направите паметен простор.

Паметна лампа

За спални соби, кои се премногу мали, потребно е да закачите лампа на ѕидот, над вашиот кревет. Така ќе заштедите повеќе простор, а на ноќната масичка можете да ставите цвеќе, кое ќе даде посебен изглед на собата.

Магичен ходник

Сѐ што треба да направите е да закачите неколку закачалки за вашите палта и да ставите неколку полици за чевли.

Инстант шанк

Веднаш до прозорецот ставете обична даска и претворете ја во прекрасен шанк каде ќе можете да појадувате.

2 во 1

Доколку имате мал простор, а не знаете што да правите со него, само наместете мало креветче покрај прозорецот и неколку предмети кои ќе ѝ дадат пријатен изглед на собата. Така, собата ќе можете да ја користите и како ваше катче за читање и како гостинска соба.

ghk-small-guest-lgn

Паметен работен простор

Кој рече дека ако имате мал простор, не можете да имате своја работна соба? Искористете го вашиот стар шкаф, ставете биро и вашата работна соба е готова.

Трпезариски дел

Во некој агол од собата, сместете клупа, а до неа округла маса која ќе даде посебен изглед на собата.

Write A Comment