Sweet Home

Како вашиот ходник секогаш да изгледа уредно

Ходникот е првото место со кое се среќаваме кога ќе влеземе во нечиј дом но и дел на кој најмалку му посветуваме внимание.

Но во текот на есента овој дел од домот треба да ни е добро организиран бидејќи го спречува ширењето на нередот низ останатите соби.

Исто така бидејќи во него ги дочекуваме гостите треба да делува уредно, чисто и гостопримливо.

За да го постигнеме тоа потребно е да имаме место за складирање на обувките, капутите, јакните, капите, шаловите и чадорите.

Тоа е навистина голем предизвик но не е невозможно да се изведе.

Во прилог прочитајте ги следните совети и идеи кои се надеваме ќе успеете да ги примените во вашиот дом.

1. Отворени закачалки

Едноставни куки на ѕид се одлично решение за мали и тесни ходници. Така ќе имате доволно место за да ги закачите сите нешта веднаш штом ќе влезете.
За поубав изглед на ходникот изберете интересен модел на закачалки.

otvoreni-zakachalki-slik-a01

2. Плакар во ходникот

Дури и најмалиот вграден плакар нуди доволно место за складирање на сезонските парчиња кои семејството ги користи.
Затоа најдобро е да го искористите вдлабнувањето во ходникот или пак ако имате поширок ходник можете да вметнете плакар.

plakar-vo-hodnikot-slika-02

3. Дел за седење

Многу корисна ставка која можете да ја додадете е дел за седење каде ќе можете да ги облекувате и соблекувате чевлите.

del-za-sedene-slika-03

4. Отворени полици

Предметите кои ги оставаме во ходникот се нешта кои често ги користиме па затоа е практично да бидат ставени на отворени полици.

otvoreni-politsi-slika-04

5. Корпи и кутии

Како станува поладно така во ходникот се трупаат повеќе парчиња облека како капи, шалови, ракавици и слично.
За добра организација најкорисни се корпите или кутиите во кои ќе ги ставате сите овие парчиња. Ем ќе биде средено ем ништо нема да загубите.

korpi-i-kutii-slika-05

Write A Comment