Детските цртежи се особено важен извор на информација. Денешниот метод е елементарен. Дозволува да се одреди нивото на интелект кај детето и да се откријат важни карактеристики за детската психа – емоционалната состојба, присуство на проблеми и стравови, социјана ориентација, ниво на агресивност, способност за комуникација, емоционална стабилност и др.
Лицето е директна проекција на емоционалната состојба на детето. Насмеаното лице на цртежот е знак за добро расположение кај детето и обратно, тажното лице е знак за некаква внатрешна криза.
Децата во остар стадиум на криза цртаат човек свртен со грб или пак профил.
Ако нацртаната фигура бега или се занимава со нешто тоа е знак за висока активност и творечка дарба кај детето.
Војници или вооружени фигури говорат за тенденција кон агресија. Истото се однесува дури и кога нацртаната фигура држи прачка во раката.
Кловни цртаат деца со ниска самодоверба и лошо мислење за себе. Играчки и балони на цртежот покрај фигурата се знак за инфантилност.
Лоши ликови од филмовите, криминални елементи и слично цртаат деца со асоцијално или антисоцијално поведение и склоност кон негативизам.
Роботи и суштества од друга планета се појавуваат во цртежите на деца кои се чувствуваат осамени или се интровертни.
Премногу дебела фигура на човек е знак дека детето не е задоволно од својот физички изглед.
Грозна фигура, обезличена, со рани или аномалии е знак за асоцијалност, негативизам или психички проблеми. Ова е најопасниот знак и треба да се превземат мерки!
Задолжително фигурата треба да има глава. Во случај да ја нема или ако е силно деформирана во однос на форма и пропорции тоа е загрижувачки знак.
Премногу малата глава зборува за тоа дека умственото ниво на детето не е доволно развиено, а големата глава за висок интелект кај детето.
Не особено добар знак е недостатокот на очи или нивното нетипично претставување во цртежот – како точки, празен круг, или со очевидна асиметрија. Сето тоа е знак за импулсивност, негативизам, конфликти, проблеми и страв.
Големи очи или уши симболизираат срамежливо, повлечено, дистанцирано дете кое тешко се отвара и одбива комуникација. Голем нос е знак дека детето не е задоволно од својот изглед.
(тестот се однесува за деца над 6 години)
