Дестинации

Кан: француски гламур

Во овој град, лоциран на Азурниот брег, секоја година во мај се одржува фестивалот, кој ги собира најголемите имиња на светската кинематографија. Сопствениците на хотелите и рестораните во ова прескапо монденско место ги тријат рацете, а угостителските објекти се полни за време на тие 10 дена.

Многумина сонуваат да присуствуваат на Канскиот филмски фестивал. Пред големите палати се поставуваат црвени килими за филмските ѕвезди. Има состаноци, фотосесии, интервјуа… За јавноста тоа оди малку потешко, зошто не може секој да влезе во ходниците на големите хотели. Ретки се оние привилегираните кои добиваат покани за проекциите. Други пак, немаат практично никакви шанси да добијт место, кај и да се обратат.

Ако не ве интересира оваа страна на Кан, симнете се на неговите песочни плажи и крстарете уживајќи во благата клима и тиркизната боја на небото и морето.

Напуштете ги урбаните делови и појдете низ природата на Кан. Прошетките до Croix des Gardes откриваат прекрасни панорами на Кан и масивот Esterel. Меѓу бројните места за излети е и Valoris. Тоа е престолнина на грнчарството. Тука е и малиот провинциски град Valbon во стариот град Антиб, предградијата Saint-Paul и Vence, градчињата Saint-Cézaire-sur-Siagne и Gras, градот на парфемот.

kan

kan2

kan3

kan4

kan5

kan6

kan7

Write A Comment