Иако избегнува да се појавува во јавноста по разводот со Бред пит, Анџелина Џоли е фотографирана во еден трговски центар. Актерката во Лос Анџелес купувала подароци со ќерката Вивиен Маршелин, а фотографиите со голема брзина го преплавија интернет.
Имено, еден обожавател успеал, тајно, да ја сними додека била во шопинг со едно од нејзините шест деца, додека купувале камера. Анџелина била облечена во црно, со собрана коса и очила за сонце. Единствено што може да се забележи е дека е многу ослабена.

Интересно е дека истиот ден кога била забележана во шопинг бил роденден на бившиот сопруг, Бред Пит.
