Ако сте од оние на кои им недостасуваат четирите пријателки од градот кој никогаш не спие, имаме радосна вест за вас на крајот од годинава – сите знаци укажуваат на тоа дека ќе има и трето филмско продолжение на „Сексот и градот“.
Откако беше објавен вториот дел во 2010 година се зборуваше за трето продолжение, но сега кога тој е речиси сигурен, една од неговите главни протагонистки Сара Џесика Паркер изразува загриженост како ќе бидат претставени Кери, Миранда, Саманта и Шарлот сега кога се веќе во средни години. Најмладата членка на квартетот Синтија Никсон има 50, а најстарата – Ким Катрал, има 60 години. Сепак, според американскиот сајт „Радар“ сите четири актерки веќе потпишале договор за учество во третото продолжение и го одобриле сценариото, а се очекува снимањето да почне идното лето.
