Новости

Бред и Анџелина ги решија несогласувањата?!

Дали една од омилените холивудски двојки ќе се откаже од идејата за развод? Бред Пит и Анџелина Џоли го дадоа своето прво заедничко соопштение откако се разделија.

– Двете страни и нивните застапници потпишаа договори за заштита на приватноста на децата и семејството, па така сите документи ќе останат доверливи. Ќе се ангажира приватен судија кој ќе ги донесува сите неопходни правни одлуки и ќе овозможи сите преостанати прашања да се решат во што пократок рок. Родителите се посветени на тоа со здружени сили да се насочат кон опоравување и повторно обединување, стои во соопштението на двојката за CNN.

Соопштението доаѓа по појавувањето на Бред Пит на Златните глобуси каде што беше виден во видно подобрено расположениe, но и физичка форма.

Иако парот сè уште е далеку од реално помирување, нивното заедничко соопштение покажува дека нема да се напаѓаат еден со друг и нема да го претворат разводот во валкана игра од меѓусебни обвинувања во која најмногу би страдале децата.

Write A Comment