Новости

Линдзи Лохан за првпат на црвениот тепих по седум месеци

30-годишната актерка, Линдзи Лохан, долго време ја немаше во јавноста, но во понеделникот по седум месеци се појави на црвениот тепих во Фиренца, Италија.

Познатата актерка изгледаше убаво во долг црно-бел фустан, со тенко ремечне на половината и бели сандали. Модната комбинација ја украси со сребрено ланче околу вратот.

Линдзи Лохан седум месеци не беше забележана на црвениот тепих, откако за последен пат се појави во јуни 2016 година, заедно со својот бивши свршеник Егор Тарабасов. Познатата актерка и рускиот мултимилијардер ја прекинаа врската поради тоа што, како што рече таа, тој ја изневерувал.

Write A Comment