Сјајот на бојадисаната коса може да потрае подолго време доколку примените адекватна нега.
Едноставни совети кои ќе ви користат.
Најважно се да користите шампон, регенератор и маски специјално наменети за вашата боја на косата. Овие препарати се направени на база на состојки кои бојата ја чинат постојана, ја обновуваат и врзуваат за влакнотот.
Редовно кратете ја косата, бидејќи без разлика на квалитетот на бојата честото бојадисување ги суши врвовите и на тој начин доаѓа до расцветување на истите.
Доколку немате голем израсток, не е неопходно да ја бојадисувате целата коса. Бојадисајте го само израстокот или косата освежете ја со прелив. Ова можете да го правите сами. Помешајте малку фарба за коса со шампон и вода, бојата нанесете ја прво на израстоците па потоа на целата коса. Оставете да дејствува 10 до 15 минути и исперете.
Освежете ја косата барем 2 пати месечно со маска за коса која одговара на Вашиот тип на коса. Најдобар ефект ќе добиете ако истата биде на база на овошен екстракт, масло, витамини, алги, мед …
