Да се пронајде совршен модел на фармерки, бидејќи не прилега да го носиме баш секој модел на џинс е предизвикот на триесеттите години на жената.

Постојат модели на фармерки кои ни прилегаат на нас – гордите сопственички на триесетите години!
Пачворк фармерки

Во принцип, колку фармерките се покласични тоа е подобро за нас. Не експериментирајте со „откачени“ детали, тоа оставете го за некои особени и „послободни“ прилики. Вака, за секој ден можете да одберете фармерки со рамни ногавици (доколку сакате тренди изглед, малку нека се стеснуваат и ногавиците нека бидат малку пократки), а ако не сакате премногу обични модели одберете пачворк фармерки кои ги комбинираат повеќе бои на џинс, но така да не изгледаат пренатрупано.
Со вез

Секако дека сакаме дури и во фармерки да бидеме женствени, па дури и романтични и затоа бираме фармерки украсени со вез. Дискретен вез. Бидејќи, не сакаме да претеруваме. Симпатичен детал везен во малку потемна боја од бојата на фармерките доволен е да ги украси класичните фармерки кои ги носите секој ден.
Со реси

Ситни детали на обични модели фармерки се сосема во ред, каде и да ги носите на работа или ги носите во неформални прилики. Многу познавачи на модата во последно време препорачуваат фармерки кои на краевите на ногавиците се освежени со реси, кои дури и сами можете да ги направите. Ете домашна задача!
7/8

Веќе споменавме дека слободно можете да носите фармерки кои се со малку покуси ногавици, кои исто така и сами можете да ги направите. Доколку имате стари фармерки кои ви досадиле, со ножици можете да ги „вратите во живот“ , а се што треба да направите е да ги скратите до саканата должина. Со модерни чизмички до глуждовите или салонки, кошула и сако и понатака можете да изгледате озбилно и професионално. И стилизирано, се разбира.
„Mom“ џинс

„Boyfriend“ фармерки

Одберете цели (а не искинати) фармерки, во класична боја, не премногу избелени или третирани на друг начин. Исто така, интересен избот може да бидат таканаречените харем фармерки кои се со тесни ногавици, со малку симнато седиште. Да, поранешните „boyfriend“ фармерки кои обожававме, а сега повторно се враќаат „на сцена“.