Новости

Чекајќи го Доналд: Меланија повторно откачена?!

По инаугурацијата на Доналд Трумп, Меланија Трамп, како да испари од земјата. Сопругата на новоизбраниот претседател потполно се повлече од јавноста и со тоа покрена лавина гласини дека нешто не е во ред со нивниот брак.

Сепак, од она што можеме сега да го видиме Меланија и Доналд, не сакаат да покажуваат преголема доза на емоции кога се заедно.

По напорната работна недела Трамп го напушти Вашингтон и замина да се сретне со сопругата. Таа пак, дама во црвено, трпеливо го чекаше на аеродромот во Палм Бич.

Трамп и Меланија, повторно имаа момент на интимност додека се држеа за рака, но истиот траеше мошне кратко бидејќи претседателот сакаше повеќе да и се посвети на толпата која дојде да го пречека.

Многумина го протолкуваа неговиот потег, како повторно откачување на сопругата, но по изразот на нејзиното лице, таа не го доживеа така.

Write A Comment