Дали проѕирната кошула е дел од вашиот гардеробер? Поголемиот дел од жените ги обожаваат ваквите кошули, бидејќи се елегантни парчиња облека кои ја откриваат убавината на женското тело, а сепак останува мистерија за тоа што се крие под нив.
Овие кошули можете да ги комбинирате и со панталони и со сукњи и можете да ги носите и на вечерното излегување и за време на дневните кафе шеми. Пријатни се за носење, а покрај тоа прават да изгледате помодерно. Доколку ваквите кошули не се дел од вашиот гардеробер, време е да се подновите со проѕирна кошула во црна, бела, црвена, бордо или која било друга боја или со какви било шари. Бидете во тек со модата и направете сите очи да бидат вперени во вас!











