Состојки:
- 1/2 кг компири
- 4 моркови
- 1/2 коцка за супа
- 3 јајца
- 2 дл павлака за готвење
- 100 гр рендано трапист сирење
- 100 гр сланина
- сол
- бибер
- малку путер или масло
Начин на подготовка:
Исечете ги компирите и морковите на кругови. Гответе ги 15 минути во вода во која сте ставиле половина коцка супа.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Разматете јајца, павлака, трапист, малку сол и бибер.
Во плех наредете половина од зеленчукот, малку посолете, па прелијте со половина од разматениот сос од јајца, павлака и сирење.
Повторете ја постапката и прелијте со сос и од горе ставете парчиња сланина.
Печете околу 40 минути.
