Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 1 пакување крем сирење
- 1 главица кромид
- магдонос
- 100 гр сланина
- 100 гр рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- Прво исечкајте кромид, магдонос и сланина, а кашкавалот изрендајте го.
- Растегнете го лиснатото тесто, па премачкајте го со крем сирење и посипете го со подготвените состојки. Направете ролат, а потоа сечете го на кругови.
- Печете ги на 180 степени околу 20 минути, па од рерна извадете ги крцкавите и неодоливо вкусни полжавчиња.
