Уште кога ќе дојде есента, сите можеме да го почувствуваме слаткиот мирис на печените костени, речиси насекаде по прометните места во градовите. Костените се вкусни, здрави и хранливи. Можат да се јадат такви какви што се, да се ставаат во солени јадења, но највкусни се во десертите.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-Костени 500 грама;
-Свеж лимонов сок, 2 лажици;
-Шеќер во прав, 250 грама; и
-Обична чоколада.
ПОДГОТОВКА:
Сварете ги костените, потоа излупете ги и испасирајте ги; Додадете ги лимоновиот сок и шеќерот во прав; Направете топчиња од смесата и извалкајте ги во изрендано чоколадо.
