Убавина

До бујна коса само со три чекори

Бујната коса, полна со волумен е женствена и секси. Секоја жена сака да има бујна коса, но ретко која го има тоа природно. Но, со помош на овие трикови секој ажена може да ужива во исполнувањето на желбата за густа, бујна коса која е секси и привлечна за секој маж.

Најпрво набавете си шампон кој содржи масло од пеперминт или еукалиптус. Маслото ја забрзува циркулацијата и крвотокот, а тоа го забрзува растот на косата. Би било добро ако пред миење косата ја масирате со масло од еукалиптус. Освен ова, може да ја масирате косата и коренот на косата со кокосово масло.

Загрејте го маслото со помош на дланките, триејќи ги и ставете го маслото на косата и нежно масирајте. Потоа пешкирот потопете го во врела вода и убаво исцедете го. Со него обмотајте ја косата и оставете нека делува 20 минути. Доколку го практикувате ова еднаш неделно вашата коса ќе добие на волумен и тежина. Влакното ќе ја добие потребната цврстина и нема да биде повеќе тенко и кршливо.

Откако ќе ја измитее косата сушете ја со фен, но при тоа главата нека ви биде наведната надолу.

Write A Comment