Еве неколку предлози за искористување на преостанатиот дел од летото.
Бањи Четеж – Словенија – Бањите Четеж се наоѓаат помеѓу две реки – Сава и Крка, во подножјето на планината Горјанци, а од Белград се оддалеени 430км. Во овој најголем бањски туристички центар во Словенија на водена површина од 13 000 метри квадратни има термални базени, водопати, тобогани, пиратски остров и сауна парк. Покрај водена забава, бањите нудат и активен одмор во природа: голф терени, град-казино…
Дурмитор – Црна Гора – Националниот парк и планина Дурмитор се наоѓаат на северот на ЦГ. Поради убавината и недопрената природа Дурмитор е нац. парк уште од 1952. Највисокиот врв е на висина од 2523 метри. Убавината на дурмиторскиот масив ја чинат и 18 леднички езера познати како „горски очи“. Најубаво меѓу нив е Црното езеро, во кое можете да се капете во јули и август. Тука е и најдлабокиот кањон во Европа, оној на реката Тара, како и кањоните Сушица и Комарница.
Тасос – Грција – Еден од најпосакуваните грчки острови, познат по чистите плажи, љубезност, вкусно вино и убав мед. Живописни села, грчки таверни, кристално чисто море… Во јужниот и источниот дел има борови шуми кои се спуштаат до самата плажа. Лименас е главен град, а Лименарија втор по големина град на островот.
Охрид – Македонија – Охридското езеро е бисер на Балканскиот полуостров, заедно со истоимениот град е под заштита на УНЕСКО уште од 1980. Името на местото ги асоцира туристите на историјата на писменоста на Балканот, отелотворена во ликот на Климент и Наум. Охриѓани имаат цркви за секој ден од годината. Задолжително посетете ги црквите на Св. Климент и Св. Софија со фрески од 14 век; стариот град и Св. Наум.
