Убавина

Како моливчето за очи да не ви се растече во текот на целиот ден? (видео)

Дали моливечето за очи во првите неколку часа изгледа подеднакво убаво како во моментот кога сте го ставиле, а веќе во следните почнува да се размачкува кон веѓите и образите?

Верувајте ова им се случува речиси на сите. Дури и скапите моливчиња за очи за кои нивните производители тврдат дека воопшто нема никаква можност за нивно „разлевање“, штом ги купите ќе сфатите, па и дека не биле баш во право.

Тајната за тоа како моливчето да остане онаму каде сте го ставиле, а не низ целото лице, се крие во начинот на неговото нанесување.

Следното видео ќе ви покаже како да го направите тоа и да ѝ кажете збогум на размачканата шминка.

Write A Comment