Сите сакаат да имаат убаво уреден простор за живеење, но немаат сите смисла за естетика. Во таков случај, добредојдени се советите на стручњаците кои велат дека најголемите грешки при уредување на животниот простор се:
Вештачко цвеќе – потполна грешка во декорирањето, која собира прашина, а не внесува живост во просторот. Заменете го со лимон во корпа или бамбус.
Премногу перничиња – ако перничето пречи при седењето, тогаш најверојатно е вишок, а најверојатно и прави креветот да изгледа несредено. Наместо на редење перници”, насочете се кон уредување на просторот кој го гледате пред себе кога ќе седнете.
Пренатрупани фигури – фигурите и разните декорации често знаат да се наталожат. Не ги редете сите туку ротирајте ги одвреме-навреме и запомнете дека понекогаш и празнината е убав украс.
Страв од бои – ако се плашите да експериментирате со боите, обидете се најпрвин со блага нијанса на еден ѕид. Ако ви се допадне, соберете храброст и преземете ја контролата врз просторот во кој живеете.
Игнорирање на прозорците – Чаршафите и прекривките се направени за креветите, а не за прозорците. Она што ќе го ставите на прозорците ја дефинира собата. Завесите се како ѓердан на женскиот врат. Освен бојата, завесите се наједноставниот и најевтиниот начин за преуредување на просторијата. Правилото вели тие да бидат 5 см над рамката на прозорецот.
Истуркан мебел – се работи за мебел кој е залепен до ѕидовите и кој е одамна надвор од мода. Понекогаш позадината е подеднакво убава, како и предниот дел, па одличен детаљ е поставување на масиче во задниот дел на мебелот.
Невкусни прекривки за мебелот – Ако го сакате својот мебел, не уништувајте го со лоши прекривки. Постојат и поинтересни начини да го заштитите, како што е користење на заштитен спреј, премаз или украсни ќебенца.
Превисоко обесени слики – Ако треба да го издолжите вратот за да ја погледнете сликата, тогаш таа е поставена превисоко. Одберете висина на ниво на очите. Се над тоа е превисоко.
Неприлагодено осветлување – со вградување на елементи за регулирање на светлоста, вие си обезбедувате опции за секое расположение или дел од денот. Не ограничувајте се на еден, тавански извор на светлина бидејќи тој прави просторијата да изгледа помала.
Видливи краеви од тепих – овен што изгледаат грдо, свитканите врвови на теписите се и голема опасност. Измерете го просторот пред да купите тепих и осигурајте се дека ќе се протега од еден до друг крај на мебелот во просторијата.
