Сред една од најсувите клими во светот се наоѓа една оаза со палми, бујни лисја и смирувачка лагуна за која се верува дека има многу лековити својства.
Магичниот град е наречен Хуакачина, а покрај тоа што може да се најде на многу листи за најпосакувани дестинации, исто така навистина постои и се наоѓа во пустината Атакама, во Перу.
Посетителите можат да ја посетат надреалната средина и 96-те жители кои водат мали бизниси од нивниот најголем ресурс – песокта.
Езерото е природно формирано, но има легенда дека тука некогаш се капела некоја млада принцеза, која што била откриена од страна на некој ловец и побегнала, оставајќи зад неа базен со вода од кој настанало езерото.








