Сите се сеќаваме на некои зборови на вашите родители кои ве нервирале или лутеле. Мислевте дека никогаш нема така да им зборувате на вашите деца.
Проверете дали сте го одржале зборот.
Затоа што јас така реков
Дали секој пат сте имале доволно трпение да им објаснете на вашите најмили по којзнае кој пат зошто нешто треба да направат на одреден начин. Сигурно барем еднаш ви излетала оваа фраза.
Ќе видиш ти татко ти кога ќе дојде од работа
Не мислевте дека ќе се криете позади авторитетот на вашиот сопруг, но дали успеавте да се воздржите.
Собери ги играчките или ќе ги фрлам во ѓубре
Иако веројатно сте им се заканиле на вашите деца дека ќе им ги фрлите играчките во ѓубре, сигурно не сте го направиле тоа. Веројатно и вашата мајка никогаш не го направила тоа.
Ти реков
Сигурно не ви било убаво првиот пат кога сте му го кажале тоа на вашето дете, но сепак сте потклекнале пред лутината. А бевте сигурни дека тоа никогаш нема да го кажете.
Престани со плачењето, да не добиеш вистинска причина за плачење
Признајте дека на вашето расплакано дете, барем еднаш сте му се заканиле дека ќе му дадете вистинска причина за плачење.
Да не сте родени во кајче?
Додека врискате по вашите деца постојано да ја затворат вратата, сигурно ви излетала и реченицата која во детството сте ја слушнале барем илјада пати.
На кого му зборуваш така?
Покрај оваа фраза сигурно ќе речете и „Застани тука додека зборуваш со мене“.
Имаш 5, 4, 3…
Ако имате дете со помалку од 5 години, сигурно често му давата ултиматум со броење за да престане со детските глупости. Па продолжете да броите.
