Sweet Home

Импресивен минималистички простор кој зрачи топлина

Просторот кој денес ви го презентираме е простор на едно поткровје во Брисел. Истото содржи и двовисински простори што ни дава чувство на просторност, слобода и комодитет. Исто така овој простор зрачи со својата топлина која произлегува од голема употреба на дрвото и жолтите детали кои одлично се вклопуваат едни во други.

Минимализмот е правец кој е карактеристичен исклучиво за модерното и современо доба. Овој правец ослободен од сите „непотребни“ украсувања и се карактеризира со чисти форми обликувани од прави линии.

1-minimalisticki

Минимализмот доживува сопствена преродба во последниве неколку години и тоа особено во ентериерите. Секако, минимализмот во овој период е интерпретиран на помодерен начин и вклучувајќи ги во себе сите придобивки на технологијата во овој период.

2-minimalisticki

3-minimalisticki

Овој простор во центарот на своето внимание го става домот, интерпретиран преку архе-типот на куќа со кров. Ваквиот елемент се појавува во овој ентериер и така се создава чувство на „куќа во куќа“ или пак „место во место“.

4-minimalisticki

5-minimalisticki

6-minimalisticki

7-minimalisticki

8-minimalisticki

9-minimalisticki

10-minimalisticki

11-minimalisticki

12-minimalisticki

13-minimalisticki

Write A Comment