Состојки:
- 200 гр брашно
- 1,5 кесички прашок за пециво
- 75 гр какао
- 50 гр сечкани бадеми
- 10 лажици вештачки засладувач во прав
- 1 лажичка сол
- 250 мл вода
- 250 мл кокосово масло
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Измешајте брашно, прашок за пециво, какао прав, бадеми, вештачки засладувач во прав и лажичка сол.
Додајте студена вода, кокосово масло и лажичка екстракт од ванила, па разматете во глатка смеса.
Ставете ја смесата во подготвен плех и печете 25-30 минути во рерна, претходно загреана на 180 степени.
Исечете на коцки, послужете и уживајте!
