Сексапилната актерка Кармен Електра, која во 90-тите години стана популарна благодарение на улогата во хит-серијата „Чувари на плажата“, одлучи да стане модна дизајнерка.
„Сонував за тоа уште откако почнав да снимам секси модни едиторијали. Во тој период научив многу работи, на пример, кои се добри, а кои се лоши материјали. Патував низ светот и во продавниците барав нешто што е удобно, а да изгледа драматично и да можам тоа да го носам на сцена. Дизајнирањето на долна облека е нешто што одамна ми е желба“, вели Електра.
Зад Кармен е и турбулентен љубовен живот. Имено, атрактивната актерка поминала една година во брак со кошаркарот Денис Родман, а четири години со Дејв Наваро. Моментално е слободна. „Немам никого, но верувам во љубовта и верувам дека оној вистинскиот ќе дојде на вистински начин. Мислам дека со текот на годините станав малку попребирлива. Само сакам да почувствувам дека тоа е тоа, но моментално одлучив да се посветам на работата. Одам на состаноци, но на ништо не се присилувам. Никого не барам, кога ќе се појави некој, тогаш ќе видиме“, заклучува убавата русокоса.
Кармен денес има 44 години, но речиси воопшто не е променета од деновите на најголема слава. И понатаму за неа велат дека е една од најсексапилните жени во светот.
