Веќе подолго време медиумите шпекулираат за објавени експлицитни фотографии на актерката Ема Ватсон (26). Денеска нејзиниот портпарол потврди дека на фотографиите навистина е младата актерка, но дека фотографиите не се експлицитни.

Украдени се фотографии од Ема од проба на костими која ја имала пред неколку години со својот стилист. Таа не е гола на нив. Адвокатите имаат добиено понатамошни инструкции – стои во соопштението на портпаролот на ѕвездата од филмовите за Хари Потер.
Многу корисници на Твитер и Редит тврдат дека ги виделе фотографиите на актерката на една мрежа за размена на податоци на која преовладува илегална и експлицитна содржина без никаква идентификација. Корисниците на Редит додале дека покрај фотографиите на Ема, протекле фотографии и од нејзината колешка Аманда Сејфрид (31).
![]()
За разлика од оние на Ема, фотографиите на Аманда се далеку поексплицитни, а на нив актерката споделувала интимни моменти со нејзиното момче.
Нејзините адвокати веќе одлучиле да ја тужат страницата на која се појавиле споменатите фотографии.
Како и да е, тие не се единствените кои се нашле во оваа незавидна положба. Во ист скандал со разголени фотографии се најдоа и Емили Ратајковски, Џенифер Лоренс, Амбер Хрд, Мила Кунис, Кејти Пери, Шарлиз Терон и други славни дами.
