Состојки:
- 2 пудинга од ванила
- 3 лажици шеќер
- 150 гр бисквити
- 1/2 л млеко
- 3 поголеми банани
- 200 гр шлаг за украсување
Начин на подготовка:
- Во млеко ставете шеќер и згответе пудинг. Во врелиот пудинг ставете путер и добро измешајте. Бисквитите издробете ги и ставете ги во врелиот пудинг. Ставете ја масата во плех намастен со путер.
- Бананите исечете ги на половина по должина и наредете ги по пудингот. Оставете да се излади, а потоа украсете со шлаг.
