Cafe Del Mar

Храна против надуеност

Дали сте знаеле дека постои храна против надуеност? Да, навистина постои! Надуеноста е нешто со кое многу дами се справуваат во животот. Еве неколку предлози како да си помогнете себеси да ја намалите надуеноста на вашиот стомак.

Вода

Да, најдоброто нешто за намалување на надуеноста, всушност, не е храна, туку течност. Ако солта предизвикува надуеност, многу јасно дека водата ќе помогне надуеноста да се намали. Кога сме дехидрирани, нашето тело почнува да складира вода како што тоа го прават камилите во пустината. Оваа складирана вода прави да чувствуваме надуеност.

Природен засладувач

Користете природни засладувачи за вашето кафе или чај. Тие помагаат и при намалување на надуеноста во вашиот стомак.

Лубеница

Лубеницата е незаменлива алатка која помага при проблеми со надуеноста. Содржи 90% вода, а полна е и со антиоксидантски својства. Таа, исто така, може да се користи како диуретик. Консумирајте ја одделно од друга храна бидејќи при комбинација со некои видови храна може да дојде до хемиски процес, кој ќе го постигне обратниот ефект од посакуваниот.

Лук

Лукот е многу добар за срцето, но дали сте знаеле дека е одличен и против надуеност? Тој ги прочистува мастите во нашето тело и врши детоксификација. Исто така, ја регулира и работата на црниот дроб.

Грејпфрут

Греjпфрутот е одличен за многу работи, меѓу кои регулирање на надуеноста и на телесната тежина. Тој го регулира производството на инсулин во телото и помага при согорување на шеќерите во телото.

Write A Comment