Прашањето е како да бидеш позитивна, да ги запазиш нервите здрави и да го воспиташ детето давајќи му го најдоброто.
Како за почетот важно е да знаеш дека стремежот кон совшенство е апсолутна загуба на време.
Основни правила кои важат за сите деца што се однесува до позитивната дисциплина се:
Давај колку може повеќе љубов!
Љубовта не разгалува, таа создава вистински личности, уверени во себе и способни да се сакаат самите себе што е пресудно за да се биде квалитетен човек во иднина. Подигнете ја детската самодоверба покажувајќи колку го цениш, колку е специјално за тебе и за татко му без разлика дали живеете заедно или не.
Постави едноставни и јасни правила и ограничувања. Детето има потреба од тоа да знае до каде се простира дозволеното и до каде не.
Не заборавај да бидеш пример!
Делата зборуваат многу повеќе од зборовите. Ако нарушиш некое од правилата пред него, како мислиш понатака да го убедиш дека тоа не е добро да се прави?
Не заборавај да го пофалиш и наградиш за доброто однесување!
Не гледам, не слушам!
Понекогаш да се направиш дека не ги забележуваш грешките на детето е подобро отколку постојаните критики. Се разбира ова не важи за случаите кога навредува или физички повредува некого.
Не го критикувај пред други луѓе!
Навредливо е, а пак децата имаат изострено чувство за достоинство.
Дозволи да има контрола!
Барем до некаде треба да може детето само да избира во секојдневието и да учи како самостојно да живее. Нека само избере како да се облече, што да јаде или каде ќе си игра. Ако се плашиш дека ќе направи лош избор, можеш да му дадеш да избира од неколку нешта што ти претходно си ги избрала и сите се добри. Важно е да уште од мали нозе да почне да учи како да се снаоѓа само, да не се плаши да избира, да знае дека во иднина се што ќе прави ќе зависи единствено од неговиот избор.
Дури и да направи грешка, дозволете нека се случи. Грешката ќе му покаже дека следниот пат треба да внимава повеќе и дека од неговиот избор зависи дали ќе му биде добро или не.
