Санторини е сигурно еден од најскапите и најексклузивни острови во Грција, а во него се наоѓа и хотелот од соништата, Perivolas…
Површината на островот изнесува 90 километри квадратни, вклучувајќи ги островите Тиразија, Камени, Аспронизи… Овој е истовремено и еден од најпознатите и туристички најпосетуваните острови. Се наоѓа во Егејското море. Секако дека ова раскошно место е преплавено од луксузни хотели, но специјално за Вас, го издвојуваме најубавиот.
Оригиналниот дизајн, кој со својата различност ги исполнува и највисоките критериуми, ќе Ве потсети на Вашите најубави сништа. Собите се ладат по природен пат, со помош на извајани камени ѕидови. Овде нема да наидете на телевизор, DVD и слично. Ова е место за читање, уживање и одмор…
На располагање се пет различни соби: студио, апартман, супериорен апартман, првокласен апартман и Perivolas апартман. На располагање е и Perivolas Welness студио, достапно 24 часа дневно, врвен ресторан кој нуди вкусна медитеранска храна, прекрасен голем базен, персонален батлер.
Одлучете се за овој рајски хотел… Остварете ги Вашите мечти !!!





