Храбри, вредни, независни, способни и полни со љубов…Токму такви се самохраните мајки! Дознајте пет фактори поради кои тие претставуваат идеални љубовни партнерки.
Многу мажи сериознио размислуваат за тоа дали треба да влезат во врска со жена која е самохрана мајка, а која во исто време многу им се допаѓа. Најчести причини за повлекување од односот со жена која има дете се предрасудите и заблудите кои преовладуваат во модердното друштво, а кои биле актуелни и во минатото.
Сепак, станува збор само за заблуди. Една од тие е дека овие жени пробуваат да најдат замена за таткото на нивното дете, што нема премногу врска со вистината. Средбите со самохрана мајка ретко може да претставува лошо искуство. Покрај тоа, постојат бројни предности во љубовниот живот со една зрела жена која е независна, способна, интелегентна и се покажала во најдобра улога во која жената може да се најде– улогата на мајка.
Да се биде самохран родител, пред сè значи да се биде доволно храбар за да се препознае дека лошиот брак, негативно влијаел и врз децата и врз целата заедница. Самохраните родители ја носат оваа тешка одлука за да им овозможат на своите деца да го добијат најдоброто и тоа во здрава средина.
Ако некој најдобро знае што значи напорна работа и жртвување поради децата, тогаш тоа го знаат самохраните родители. Да се направи таков голем чекор и да се растури бракот не е одлука која лесно се носи, но подобро е да излезете од лош брак, отколку да останете во него поради децата, поради животниот стил и компромиси.
Затоа е важно да се извлечат самохраните родители од сенка и да признаеме дека се и тие забавни и сакани. И тоа што тие го прават, никако не треба да биде тајна. Зошто би било?!
Дознајте кои се предностите доколку сте во врска со мајка – херој.
Секоја мајка е зрела жена
Самохраните мајки веќе имаат родено дете (или повеќе деца), го воспитуваат, се грижат за него и многу често се среќаваат со детските вируси, несоници, училишниот стрес… Тие се разделиле со својот партнер или останале вдовици, и сега сами го издржуваат своето мало семејство. Дали навистина мислите дека една ваква жена може да прави драма од љубовната врска? Не, нема бидејќи таа е самохрана мајка силна жена која е возрасна и има големо животно искуство, па дури и доколку е млада. Таа е зрела и реална иникогаш нема да ви замери ако веднаш не сте и пратиле повратен одговор на пораката – навистина, таа може тоа и да не го забележи.
Уживање во одличниот секс
Доколку имате околу 40 години, значи дека вие сте во врвот на вашиот сексуален живот. За вас експертите имаат одлични вести: скоро да не постои самохрана мајка која е лоша во кревет. Како што експертите кажуваат, поголем број од самохраните мајки имаат излезено од лоша врска, поради што тие сега се подготвени да експериментираат во сексот, да пробуваат нови работи и целосно да уживаат во својата новооткриена слобода. Зарем не сакате вие да бидете баш тој кој ќе го почувствува шармот на нејзиниот нов живот?
Билошкиот часовник не ви е закана
Постојат мажи кои се плашат кога само по два или три месеци врска, жената ќе започне да планира потомство. Ако и вие сте еден од нив, тогаш самохраната мајка е секогаш подобар избор – таа е веќе мајка на едно или повеќе мали, прекрасни дечиња. Ако некогаш посакате повеќе деца – за тоа ќе разговарате понатаму, но секако таа нема секое утро да го започнува разговорот со тоа како видела преслатко фустанче или да ви поставува прашања од типот – кое е вашето омилено име за машко дете!
Таа е независна и силна
Секако дека секоја жена ќе се пожали и ќе посака да се реши проблемот кога тој ќе се појави, но нека не ве залажува тоа што самохраната мајка кажала дека мора сериозно да разговарате. Таа нема да се расплака, нема да ви наведува нелогични причини за своето лошо расположение и да претера со поплаки за вашето лошо однесување. Се што тие сакаат е низ чаша вино да поразговарате за проблемите онака, како двајца возрасни луѓе.
Самохраната мајка е супер херој!
Жените кои сами ги воспитуваат, негуваат и издржуваат своите деца се меѓу најмоќните луѓе на планетава. Тие се стабилни и способни и ништо не може да ги изненади. Самохраните мајки секаде стигнуваат и умеат скоро сè, па понекогаш вам може да ви се чини дека вашата партнерка има магична моќ – умее да лета, да го забави или забрза времето а истовремено – две јајца, малку брашно и едно јаболко за час може да ги претвори во вкусен колач!
