Мојата кујна

Тарт со домати, моцарела и намаз од црни маслинки

Едноставно мора да го пробате ова ароматично јадење…

Потребни состојки:

–      едно пакување лиснато тесто

–      3 лажици намаз од црни маслинки

–      400 гр домати

–      250 гр моцарела

–      грст свеж босилок

Подготовка:

Расукајте едно парче од лиснатата кора со димензии 35х20 см. Печете го во загреана рерна на 200 степени околу 8 минути. Извадете ја кората од рерна и прекријте ја со крпа. Пристиснете со рацете како би го истиснале воздухот од лиснатото тесто. Оставете го настрана, и повторете ја постапката со остатокот од тестото. Кога ќе се изалди премачкајте ја кората со намазот од маслинки. Одозгора ставете кругови домати и моцарела. Печете 15-20 минути или додека тестото не се испече убаво. Извадете го тестото од рерна и посолете го со босилок.

Write A Comment