Кога избирате храна и пијалоци треба да внимавате, да ги имаат неопходните витамини и минерали. Доколку сакате да изгубите неколку килограми, наместо да гладувате, пробајте ги овие вкусни пијалоци, кои се одлична замена за појадокот или вечерата.
Освен што ќе ве држат сити, тие ќе ви ја осигураат потребната енергија и ќе ви помогнат да ослабете.
Чоколаден пијалок наменет за губење на килограми
300мл кисело млеко со ниска масленост
2 супени лажици мед
½ супена лажица екстракт од ванила
1 банана
1 супена лажица
1 супена лажица путер од кикирики
1 супена лажица какао во прав
Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги додека да добиете глатка смеса. Во овој пијалок може да додадете и мелени бадеми или лешници.
Зелен пијалок за слабеење
2 чаши спанаќ
½ краставица
¼ целер
2 јаболки
3 моркови
½ портокал
½ лимон
Малку магдонос
Сите состојки ставете ги во блендер до добивање на хомогена смеса.
Пијалокот може да го пиете за појадок, ручек и вечера.
