Cafe Del Mar

12 дневен режим кој гарантира 10 килограми помалку

Можете да намалите над 10 килограми само за 12 дена, што е премногу според здравствените стандарди за слабеење. Но и покрај тоа некои нутриционисти тврдат дека една добра диета за прочистување еднаш или два пати годишно е многу важна и полезна за вашето здравје.

Насоки за 12 дневната диета:

Да не се јаде 3-4 часа пред сон. Користете маслиново, ленено или сусамово масло. После овие 12 дена, не преминувајте веднаш на стариот начин на исхрана уште 3-5 дена. Пијте многу вода и зелен чај.

1 – млечни производи, 5 чаши кисело млеко, една супена лажица маслиново масло и зелен чај.

2 – овошје, 4-6 портокали, една лажица маслиново масло, зелен чај.

3- урда, една супена лажица маслиново масло и зелен чај.

4 – 5 чаши варен зеленчук, две лажици маслиново масло и зелен чај.

5 – варена или печена соја и зелен чај.

6 – 6 јаболки и лажица маслиново масло, чај и вода.

7- 300 грама немасно сирење и зелен чај.

8 – четири свежи салати со маслиново масло, зелен чај.

9 – 400 грама печено говедско месо, една лажица маслиново масло и зелен чај.

10 – 3-4 свежи салати и зелен чај.

11 – 400 грама урда, една лажица маслиново масло и зелен чај.

12 – 2 грејпфрута, 5 белки од јајце, една банана и зелен чај.

Наредните 3-5 дена можете да вклучите риба на скара, пилешко месо, зеленчук на пареа, белки од јајце, овошје и свеж зеленчук, за да не преминувате веднаш на силна исхрана што ќе биде еден вид шок за организмот. Диетата не се препорачува за луѓе со здравствени проблеми!

Write A Comment