Ако мислевте дека апостолките не можат да бидат фенси, сте се излажале!
Ќе ви покажеме едноставен и брз редизајн на апостолки или сандали кои може да ги направите дома за само 15 минути!
Потребни материјали:
апостолки (или сандали)
цвеќе изработено од материјал
супер лепак
Постапка:
Одберете цвеќенца од материјал, по ваш вкус, но искористете ја само пупката.

Потоа со лепак почнете да ги лепите пупките на апостолките. Повторувајте го овој процес колку што сакате.

Истото ова можете да го направите и со сандалите. Еве уште еден предлог!
Целата процедура е идентична:

Со лепак ги спојувате цветните пупки за ремените на сандалите, водејќи сметка добро да се прицврстат.
Оставете ги половина час да се исушат, а потоа можете да ги носите!


